Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОДИ КАЈ ФИЛИПЧЕ, ЌЕ ЗАВРШИТЕ КАЈ АХМЕТИ, КАЈ ПРОДАДЕНИТЕ ДУШИ“: ЗНАМ удри по Апасиев и Левица

„ОДИ КАЈ ФИЛИПЧЕ, ЌЕ ЗАВРШИТЕ КАЈ АХМЕТИ, КАЈ ПРОДАДЕНИТЕ ДУШИ“: ЗНАМ удри по Апасиев и Левица

Средствата за рекламирање за претстојните локални избори се распределени по упатството на АВМУ и насоките на ДИК. Се е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари, се вели во реакцијата на партијата ЗНАМ.

„Нема простор за плачење и театар. Апасиев, „револуционер“ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, денес држи лекции за правда. Човек кој до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО - институција чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по принципот кога сакам - вадам, кога сакам - трошам. Му порачуваме: Димитар Апасиев, пред да држиш лекции за правда, заврзи си го џебот – таму ти е единствената „револуција“, во парите што ги вадиш за себе и за дружината околу тебе“, реагираат од ЗНАМ.

Од таму освен кон Левица и Апасиев, испратија обвинувања и кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Оди кај Венко Филипче, човекот со златна виза подготвен за бегство од  државата и мераклија за јахти по Медитеранот. Ти и тој сте совршен тандем, еден краде од здравството, друг краде од сопствената партија. И двајцата на крајот ќе завршите на поклон и баци рака кај вашиот газда  Али Ахмети, таму каде што секогаш завршуваат продадените души. Народот гледа. И знае“, велат од ЗНАМ.


Слично

Поврзани вести