Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДГОВОРНО ТВРДАМ ДЕКА НЕ ЗНАЕВ ЗА ПОТЕРНИЦАТА ДОДЕКА БЕВ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ - шефот на дипломатијата за скандалот

ОДГОВОРНО ТВРДАМ ДЕКА НЕ ЗНАЕВ ЗА ПОТЕРНИЦАТА ДОДЕКА БЕВ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ - шефот на дипломатијата за скандалот

Јас немав информација дека била распишана меѓународна потерница за тројца македонски дипломати додека бев министер за надворешни работи.

Вака одговори министерот за евроинтеграции, а поранешен шеф на дипломатијата, Никола Димитров, на новинарското прашање дали додека бил министер за надворешни работи, во февруари 2020 година, стигнало до него известување за меѓународна потерница за тројцата дипломати.

„Во однос на потерницата која била распишана и за која МВР добиле информација, во мое време, јас како министер за надворешни работи, немав добиено информација дека има распишана меѓународна потерница во тој период, после тоа не можам да кажам. Односно, што било после тоа меѓу МНР и МВР не можам да кажам, меѓутоа во мое време одговорно кажувам дека немав информација за потерницата, меѓу другото, таква информација добив кога се разви целата приказна околу скандалот и дознав од медиумите за постоењето на меѓународната потерница“, изјави Димитров на денешната пресконференција, одговарајќи на новинарско прашање. 

Како што е познато, случајот со дипломатот Миле Миленковски се откри откако тој беше уапсен во Србија. 

Слично

Поврзани вести