Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДГОВОРИ ГЕРОСКИ, АМА СЕ ЈАВИ И ГРУЕВСКИ - сите имаат да му кажат по нешто на поранешниот премиер Заев

ОДГОВОРИ ГЕРОСКИ, АМА СЕ ЈАВИ И ГРУЕВСКИ - сите имаат да му кажат по нешто на поранешниот премиер Заев

Не запира преписката која ја иницираше новинарот Бранко Героски со својот текст, а на која потоа одговори и поранешниот премиер Зоран Заев. Откако Заев се произнесе за обвинувањата, реагираа и Героски, но и прозваниот поранешен чпремиер Нкола Груевски, сега азилант во Унгарија.

Груевски во својата реакција на фејсбук вели дека очекувал Заев да се произнесе за криминалот и корупцијата во бројните нечесни зделки за кои тој во последно време пишува.

„Ни збор за тоа! Милионски штети за државата.  Еве денес излезе дека италијанската компанија која го доби тендерот за клинички центар бара на арбитража 20,5 милиони евра оштета за раскинатиот договор без причина од страна на владата, а нов не се изгради и е далеку од почнување. Тоа е направено по директна негова наредба до Филипче заради хирови и комплекси дека се што било започнато од мене односно од владата која ја предводев требало да се стопира и да докажел дека можел и подобро. Еве видовме колку може. Нов клинички нема а 20,5 милиони евра ќе си платиме од парите на народот за хировите на Заев и од планот со градба на во клинички центар на друга локација, по процедура за јавни набавки која се употребува само за избор на пејачи за нова година, да може да ја ‘закрпи’ државата со околу 200-300 милиони евра, бидејќи новиот клинички центар требаше за толку да е поскап. И уште не се откажани од таа идеја. Видовме колку може и што шест години не можат да завршат половина изграден пат меѓу Охрид и Кичево и да не ги редам другите работи бидејќи треба два дена да пишувам.

Овој човек кој на двапати се извлече од одговорност од правдата, еднаш со аболицијата на Црвенковски за криминалот со ‘Глобал’ за кој иако не убедуваше дека е законски, кога дојде оној закон за легализација на диви градби во 2009 година, самиот како градоначалник со негова рака потпиша легализација ‘Глобал’, и вторпат кога го инсталираа за премиер и мораа да го вадат од случај за барање мито од 100.000 евра со докази кои не можат да бидат поцврсти, гледам дека пак глуми некоја величина па меѓудругото ни порачува да сме се радувале на позитивните меѓуетнички односи.

Со оглед дека заради политичкиот прогон кој тој директно ми го започна сега не сум во Македонија, ве прашувам дали вие се радувате на позитивните меѓуетнички односи?

Што е позитивната разликата меѓу времето кога јас ја предводев владата и денес што треба да не натера да се радуваме? Тиранската платформа ли е разликата? И тогаш имамвме соживот и сега има соживот… Најмалку тројно е зголемено иселувањето од Македонија бидејќи чуствуваат безперспективност во земјата.

...Втората теза му е дека тој направи нешто што мене ми било криво дека јас не сум успеал да го направам а тоа е влезот во НАТО. Веднаш да му одговорам дека под овие услови, предавства и понижувања за Македонија и пред сѐ за Македонците може само да ми биде криво, што Грција нѐ доби 100:0 во една 150 годишна битка за макеоднскиот идентитет, македонската историја, име на држава и на јазикот... Таман и раката на срце да ја стави и да се заколни како што некогаш правеше за Уставот и името, никој веќе не му верува ништо. Неговото име е синоним за измама во Македонија“, напиша Груевски.

Новинарот Бранко Героски, пак, пишува дека во реакцијата на Заев не се демантираат фактите за некои средби што поранешниот лидер на СДСМ ги имал во декември минатата година. „Дали се одржал состанокот на потесното раководство на СДСМ на 21 декември, на кој, освен тој, Зоран Заев и Венко Филипче, присуствувале лидерот Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, Радмила Шеќеринска и уште неколку други членови на партискиот врв? Го демантира ли Заев овој настан?

Дали на тој состанок Зоран Заев изнел план во седум точки, опишани во текстот на „суетниот Героски“, кого го спомнува во својот т.н. „демант“?

Демантира ли Заев дека во етно-туристичкиот комплекс Бела Вода во близината на Берово тој и Филипче се состанале со двајца претставници на македонска опозициска партија (нивните имиња засега ќе ги задржиме во тајност)? Дал на тој состанок Заев го презентирал својот план? Ја демантира ли Заев оваа средба? Дали можеби имало повеќе од една средба во истиот состав?

Ова е поздравот: Поминаа времињата кога Заев може да се вади со евтини приказни и со тоа што некого ќе нарече „суетен“, некого „криминалец“, а некого „пе*ер“. И тоа во јавноста да помине туку-така.

Сепак, овој т.н. „демант“ ме радува, бидејќи тој можеби значи дека Заев се откажал од својот пеколен план на Ковачевски да му ја „растури“ партијата, како што се заканил во разговор со една своја високо позиционирана сопартијка во еден познат скопски ресторан...“, реагираше Героски на својот фејсбук-профил.


Слично

Поврзани вести