Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oдекнаа нови „бомби“ за случајот „Рекет“

Oдекнаа нови „бомби“ за случајот „Рекет“

Нови аудио бомби се објавија на „Ју тјуб“ поврзани со случајот „Рекет“, за кој вчера беа осудени шоуменот Боки 13 на 9 и екс обвинителката Катица Јанева на 7 години затвор.

Под псевдонимот „Алибаба Тредичи“ објавени се два разговори, на кои како што тврди објавувачот, наводно се слуша гласот на  адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која му одреди притвор на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“.

Во објавените разговори, Димишков со соговорникот го споменува Камчев, но зборува и за милионски суми на евра. 

Објавените снимки траат по неколку минути, но објавувачот тврди дека целиот разговор е 57 минути.

„Рекет“ вчера доби епилог. 

Слично

Поврзани вести