Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбраната на Јанакиески и Пешевски тврди дека СМС-пораките од „Траекторија“ се менувани

Одбраната на Јанакиески и Пешевски тврди дека СМС-пораките од „Траекторија“ се менувани

Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски тврди дека разменетите СМС-пораки, кои служат како докази во случајот на СЈО под името „Траекторија“, се модификувани.

Според нив предложените докази од СЈО не се релевантен доказ и истите судот треба да ги отфрли, сметаат адвокатите на обвинетите.

Нивниот правен застапник Снежана Сваиќ истакна дека дел од СМС пораките немале точен датум кога биле испратени, а на дел недостасувало и времето на испраќање. Посочија и дека пораките биле дополнително менувани.

Судот за приговорот ќе се произнесе на наредното рочиште на 5 март. Во случајот „Траекторија“ Случајот „Траекторија“ е за штета од 155 милиони евра за државниот буџет при избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. 

Обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски и екс-директорот на Државни патишта Љупчо Георгиевски.


Слично

Поврзани вести