Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбраната во „Траекторија“ бара нови судии, актуелните би можело да бидат уценувани

Одбраната во „Траекторија“ бара нови судии, актуелните би можело да бидат уценувани

Одбраната на обвинетите во предметот „Траекторија“ на денешното рочиште побара изземање на судечкиот совет, на претседателот на Кривичен суд Иван Џолев и на судии од Апелацискиот суд под изговор дека нивните имиња ги има во прислушкуваните разговори на СЈО и, како што велат, би можеле да бидат уценувани.

Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето го бараат поради информации изнесени од специјалната обвинителка Катица Јанева на една телевизија дека во снимените аудио материјали со кои располага СЈО има и судии и обвинители.

Ова е истата причина поради која беа барани изземања и во други случаи на СЈО.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие денеска дојдоа во Кривичниот суд.


Слично

Поврзани вести