ОДБРАНАТА НА ВЕЉАНОВСКИ ИМА ПОВИКАНО 50 СВЕДОЦИ - денеска треба да продолжи судењето за 27 април
Денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, во Основниот кривичен суд во Скопје.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази.
На минатото рочиште, поранешниот собраниски спикер Трајко Ваљановски читаше делови од записници на собраниски комисии, координативни состаноци и од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието, кои ги има предложено како материјални докази, образложувајќи дека правел напори за продолжување на конститутивната седница и избор на претседател, но дека не биле обезбедени деловничките околности за тоа.
Одбраната на Вељановски, има повикано и околу 50 сведоци, пратеници кои треба да бидат сослушани на некои од следните рочишта.
Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
