Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбраната на Сеад Кочан поднесе барање за укинување на мерката притвор

Одбраната на Сеад Кочан поднесе барање за укинување на мерката притвор

Адвокатскиот тим на бизнисменот по кој се трага со меѓународна потерница поднесе барање за укинување на мерката притвор за Сеад Кочан.

Адвокатот на Кочан Никола Додевски соопшти дека Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, и покрај поднесената Ургенција од одбраната не го доставил предметот на осомничениот Сеад Кочан на одлучување до Апелацискиот суд Скопје по жалбата на одбраната против Решението за определување мерка притвор, со што беше оневозможено Апелацискиот суд да донесе одлука по жалбата на одбраната

„Со оглед дека преклузивниот рок во кој Апелацискиот суд беше должен да донесе одлука, истече во 17:20 часот, одбраната веднаш поднесе Барање до Кривичниот совет да донесе решение со кое ќе се стави вон сила Решението за одредување мерка притвор, ќе се укине притворот на осомничениот Сеад Кочан и ќе се прекинат сите дејства преземени од МВР Скопје. Сето ова поради фактот дека Решението не може да произведува правно дејство кога е изминат рокот за донесување одлука по жалбата, а во кој рок предметот не е ниту доставен до Апелацискиот суд“, соопшти Додевски.

Слично

Поврзани вести