Одбраната на осудените во Диво Насеље правда ќе докажува со меѓународна истрага
Одбраната на осудениците во случајот Диво насеље кои пред малку ја слушнаа казната најавува меѓународна истрага и жалба на пресудите.
„Ние како одбрана не очекувавме корекни казни, но не очекувавме ни вакви драконски казни. Обвинителството се уште не е реформирано. Со најавената меѓународна истрага ќе докажеме дека овие луѓе се донесени овде за туѓи интереси“, изјави адвокатот на обвинетите во случајот Насер Рауфи.
Тој посочува дека сите бранители ќе поднесат жалба на пресудите, бидејќи како што вели има информации за докази со кои ќе докажат дека ова е монтирано рочиште.
„Со меѓународна истрага ќе се реши овој случај. Тајните служби се оние кои го измонтираа овој случај“, тврди Рауфи.
(ФОТО А1Он)
Слично
