Одбраната на Мијалков со жалба на замрзнувањето на неговиот имот
Одбраната на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поднесе жалба на одлуката на Основното јавно обвинителство да ги замрзне уделите на фирмите поврзани со неговиот имот, вклучувајќи ги и тие во хотелот „Мериот“, како и неговата приватна куќа на Водно.
Кривичниот совет по жалбата ќе одлучува во вторник. Мијалков досега не бил повикан да даде исказ.
Адвокатите на Мијалков велат дека станува збор за нетрансфериран имит и дека се изненадени од ваквата одлука на обвинителката Вилма Рускоска.
За Телма тие велат дека не очекувале мерки за истрага за предметот „Империја“ која стара неколку години и тврдат дема индиции дека имотот ќе се препродава или оттуѓува.
Дел е од имотот влегува во гаранцијата од над 11 милиони евра на Мијалков за неговото пуштање од притвор, односно да се брани од слобода.
- Имот што е стекнат на нелегален начин не може да биде гаранција како замена за притворот., рече Рускоска за Телма.
Предметот „Империја“ е најсложениот на кој досега се работело од Обвинителството и вклучува сложени финансиски шеми.
