Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбраната на Мијалков смета дека СЈО задоцнил за 25 дена со „Тортура“

Одбраната на Мијалков смета дека СЈО задоцнил за 25 дена со „Тортура“

Одбраната на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, смета дека СЈО задоцнил за 25 дена со поднесувањето на обвинителниот акт за случајот „Тортура“ со претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, и според тоа бара што побрза пресуда за да може, како што очекуваат тие, потоа да ја укине Врховниот суд.

Ваквата „тактика“ на адвокатите на Мијалков се должи откако минатата недела Врховниот суд донесе мислење дека обвиненијата и истрагите на СЈо не важат во последните 18 месеци бидејќи е поминат законски предвидениот рок, а претседателот Јово Вангелов подоцна на телевизија рече дека врз основа на овој акт ќе ги укинува пресудите кои ќе пристигнат до оваа судска инстанца.

„Ако судот изврши увид во предметот, ќе може да констатира дека јавниот обвинител му го предал предметот на СЈО на 4.12.2015-та година заедно со 28 други предмети. Исто така ќе може да утврди дека СЈО со решение од 9.12.2015 година воспоставил надлежност врз комплетниот предмет. Рокот за поднесување обвинение не подолг од 18 месеци завршил на 4.06.2017 година, а од приемниот печат кој се наоѓа на обвинителниот акт на предметот може да се утврди дека СЈО го поднел овој акт до судот на 29.06.2017 годнина, односно 25 дена вон рокот што е определен со закон“, образложи адвокатот Петар Василев.

Некои медиуми во јавноста веќе коментираат дека оваа одлука на Врховниот суд е „трета амнестија“, по Законот за амнестија на случаите од 27 април и измените на Казнениот законик.


Слично

Поврзани вести