Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбраната на Камчев: Обвинителката Лиле Стефанова приватно си барала докази од Кипар

Одбраната на Камчев: Обвинителката Лиле Стефанова приватно си барала докази од Кипар

Одбраната на бизнисменот Јордан Камчев, кој подолго време се наоѓа во притвор, тврди дека Лиле  Стефанова  користејќи  приватен  маил  незаконски  прибавувала  докази за ,,Плацевите  на  Водно“.

Адвокатите на денешното  рочиште пред Судот изнесоа детали и докази за како што велат, незаконитото постапување на Обвинителката во процесот на  прибавување  докази  и  побара  соодветниот  доказ  да  не  се  изведува  додека  не се  отстранат сите  правни  пречки  за истото,  или во  спротивно  ќе  треба да  се  работи  со  доказ  кој  е  нелигитимен.

„Имено,  Лиле  Стефанова,  преку  својата  приватна  е маил  адреса  остварила  кореспонденција со  Министерството  за  правда  на  Република  Кипар, со  цел добивање  на  Меѓународна  правна  помош,  притоа  целосно  нарушувајќи  ја  процедурата  за прибавување на  докази  од  замолени  држави,  во  конкретниот  случај  Кипар  согласно  член 5  и член  6  од  Законот  за  меѓународна  соработка  во  кри вична  материја.

Незаконитост како  основна на  ова  постапување  е  што  Лиле  Стефанова  за  истото  воопшто  не  го  известува Министерството  за  правда  на  Република  С.Македонија  како  надлежен  орган туку прескокнува  и  надвор  од  сите  процедури  и  спротивно на истото  по законот,  од  приватна  маил  адреса, се  обраќа  до  Министерството  за  правда  на  Република  Кипар. Користењето  на  приватен  маил  за  службени  цели,  кога  се  работи  за  носители  на  јавни функции е целосно  незаконско  и  секоја  сериозна  држава  има  санкции кои  ги  спроведува за ваков  тип  на  постапување  на  лице  на  функција.  

На  овој  начин,  Обвинителката  Стефанова, покрај незаконското постапување директно го става во највисок степен на ризик и работењето на  државните  институции,  тајноста  и  професионалноста  на  нивното  работење на  ниво  на загрозување на  националната  безбедност. Покрај  тоа,  нарушувајќи  ја  процедурата  за  комуникација, спротивно  на  законот, Лиле Стефанова  побарала  докази  БЕЗ  ЗАМОЛНИЦА  која  е основен  акт  врз  основ  на  кој  може  да  се прибават  докази  од  замолени  земји, а  во  спротивност,  прибавените  докази  се  сметаат  за нелигитимни  бидејќи  нема  законски  основ  на  кој  истите  се  прибавени“, велат од одбраната на Камчев.

Во доказите  доставени  до  одбраната, замолницата  како  основен  документ  воопшто  не  е приложена. Доказ дека кореспонденцијата  е  извршена со  нарушување  на сите процедури  и  на целосно  нелегален  начин  е  и  тоа што  не  е  направен  писмен запис  кој  по однос  на замолница или  друга  документација  која  е  примена  по  електронски  пат  или  друг  начин  на  комуникација согласно  Законот за меѓународна соработк а во  кривична материја, член  6, став  6  се  составува и се  презентира, тврдат од таму.

„Таков писмен запис, спротивно на законот, ниту е составен, ниту е презентиран, ниту  во  оригинална  форма  е доставен  и  по  редовна  пошта. Оригинална  форма  не  недостига  само  од  овој  документ.  Сите  докази  кои  се  доставени  во Судот  од  страна  на  обвинителството  и  се  разгледуваат  се  во  форма  на  фотокопија  што  е недозволиво и  несвојствено  особено  бидејќи  нема  прифатливо  објаснување  за  непостоење на  оригиналот.  Во  овој  случај  се  поставуваат  и  прашања  кои  директно  задираат  во автентичноста  на  оригиналот  на  документите,  доколку  тие  воопшто  постојат,  а  со  тоа  се  става  под  знак  прашалник  и  веродостојноста  и  легитимноста  на  фотокопиите  од  документите  кои се  користат  како   докази  во  постапката“, дополнуваат адвокатите.

Застапниците на Камчев реагираат дека и  барањето  за меѓународна правна  помош од Стефанова, која за ова сметала дека станува збор за само технички пропуст.

„Овие  неслучајни,  континуирани  и  нетехнички  грешки  само  го  докажуваат  насилието  кое продолжува  од  страна  на  Обвинителството  и нарачаното  постапување  на  Стефанова, кое покрај  незаконско, нелигитимно и целосно  тенденциозно,  преминува  и  во  размери  на ризично  по  однос  на  работењето  на  државните  институции  и  безбедноста  на  државата  во целост“, соопшти одбраната.

Слично

Поврзани вести