Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбраната на Камчев: Народниот правобранител го докажа нехуманиот однос во притворот, доставивме писма до сите амбасади

Одбраната на Камчев: Народниот правобранител го докажа нехуманиот однос во притворот, доставивме писма до сите амбасади

Писмо до сите амбасади и дипломатски претставништва доставила одбраната на Јордан Камчев денеска, а по повод извештај на Народниот правобранител во кој, како што тврдат адвокатите, е констатирано дека тој во притворското одделение во затворот во Шутка е изложен на нехумен третман, тортура и понижувачки услови, а со тоа е загрозено и неговото здравје. 

Посетата на Народниот правобранител во Шутка е на покана на одбраната на Камчев. Адвокатите тврдат дека тој е притворен без никаков доказ, без постоење на белешка и докази од Агенцијата за национална безбедност. 

Нивен став е дека Камчев е буквално, како што велат, киднапиран, а тоа како што додаваат ќе се докаже по службен пат. 

„На тоа, со овој извештај од Народниот правобранител кој ги потврди тврдењата и на одбраната за нехуман, нечовен третман и тортура која му се врши на притвореникот е дополнување со кое ќе се бара целосна правда на домашен и на меѓународен план. Одбраната веќе подготвува апликација до Стразбур, до Европскиот суд за човекови права. Народниот правобранител по направениот увид ги потврдува тврдењата на одбраната за нехумани услови и тортура во притворот, со што се загрозува и неговата здраствена состојба, велат од одбраната.

Според нивните тврдења извори од Комитетот за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување во Стразбур, на кои им е презентиран извештајот добиен од Народниот правобранител на РСМ биле негативно изненадени од неговата содржина.

Од канцеларијата на Народниот правобранител за Канал 5 изјавиле дека констатирале несоодветни услови во притворското сместување на Камчев и дека по нивната реакција, условите биле подобрени, но дека не станувало збор за утврдена тортура.


Слично

Поврзани вести