Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбраната ќе бара истрага за повредите на напаѓачот на Тодоров

Одбраната ќе бара истрага за повредите на напаѓачот на Тодоров

Адвокатката Павлина Зефиќ која го застапува Љупчо С. ќе бара истрага во МВР за повредите кои ги има на лицето, а се претпоставува дека му се нанесени од полициски службеници за време на апсењето. Внатрешна контрола на МВР најчесто ги истражува случаите во кои има сомнеж за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата. 

Љубчо С. го нападна поранешниот министер за здравство Никола Тодоров со изменет гасен пиштол, му се приближил од зад грб и испукал два проектила според информациите на МВР. 

Денес судот му одреди 30 дневен притвор, а обвинителството го товари за убиство во обид. Тој е дедо на малата Тамара која по тешкото боледување почина, а здравствените власти не успеаја да и обезбедат навремен третман во странска болница.


Слично

Поврзани вести