Одбрана и „шефицата“ на кабинетот на премиерот Заев
Новиот премиер Зоран Заев полека го екипира својот тим со кој ќе работи во новата влада, па откако професорот Драги Рашковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше одбран за Секретар на владата, пополнета е и позицијата шеф на кабинетот на претседателот на Владата.
За нов шеф на кабинет на премиерот Зоран Заев е именувана Мирјана Јанева која доаѓа од општина Струмица и важи за човек од доверба. Нивната соработка трае уште од кога Заев беше градоначалник на Струмица.
Слично
