Одбиено барањето за притвор на браќата Цветковски
Жалбата на Основното јавно обвинителство за тоа што не е одобрен притвор за Александар и Јордан Цветковски, инаку синови на екс-градоначалникот на Петровец и советник во МВР - Ѕвонко Цветковски, е отфрлена синоќа од Кривичниот совет.
На браќата им се одземени пасошите, не смеат да го напуштат Скопје, треба еднаш неделно да се пријавуваат и не смеат да му се доближат на полицискиот службеник Филип Филиповски кој беше избоден во дискотека во Марино, при што беше доведен во ситуација да се бори за живот.
Александар Цветковски може да добие потешко обвинение за обид за убиство, додколку делото не се квалификува како нанесување тешки телесни повреди, додека Јордан Цветковски ми може да биде обвинет за помагање.
Слично
