Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбиени се амандманите на опозицијата за пописот - ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во фалсификат

Одбиени се амандманите на опозицијата за пописот - ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во фалсификат

Одбиени се амандманите на опозицијата за пописот, а законот ќе се донесе после празниците. 

Расправата за амандманите за пописот заврши, a владејачкото мнозинство ги одби ги одби сите четириесетина амандмани од опозициските партии за предлог-законот за попис. Одбиени се амандманите со кои се бара да се појаснат основните поими што се користат во законот како што се „вкупно население во државата“, „место на живеење“, „официјално место на живеење“. Не е прифатен ни амандманот од Алијанса и Алтернатива со кој бараа посебна пописна комисија наместо Државниот завод за статистика. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека СДСМ и ДУИ со 8 гласа против го одбиле и амандманот за попис со отпечаток од прст за што партијата најмногу инсистираше. 

Според опозицијата на ваков начин се зголемува сомнежот дека ќе се попишуваат и лица кои не се жители на Македонија, спротивно на стандардите на Евростат. Пописот ќе се одржи во април идната година.  Според нив се спрема фалсификат. 

Слично

Поврзани вести