Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбиени 40 тужби на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

Одбиени 40 тужби на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

Управниот суд, во текот на вчерашниот ден ги одби повеќе од половина од тужбите, односно дури 40 од вкупно 75 што ги поднесоа коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, а кои се однесуваат на гласањето на предвремените парламентарни избори што се одржаа кои се одржаа на 15.јули.

Партиите се сомневаат дека на голем број избирачки места се впишани луѓе кои се починати или во странство кои гласале и бараат судот да им дозволи увид во избирачките списоци и кутии.

-Да се отвори една единствена кутија во Кичево и да се види дали лицата кои гласале дали се во Македонија или дали се живи. Тоа е нашето единствено барање. Несфатливо е во сите општини каде што изгубивме на овие избори да има значителен број помалку гласачи од 2016 година, а само во општина Кичево имаме повеќе гласачи. Ние знаеме дека на денот на изборите гласале луѓе по повеќе пати на исто избирачко место, гласале лица за гласачи кои биле во странство и за починати граѓани. Така е направена разликата во мандати во корист на ДУИ, изјави адвокатот Абедин Абдуи, кој ги застапува Алијанса за Албанците и Алтернатива.


Слично

Поврзани вести