Одбиена жалбата, судијката Софија Лаличиќ е разрешена
Жалбата на судијата на Основен кривичен суд Скопје, Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување од вршење на судиска функција од страна на Судскиот совет е одбиена од.Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд.
„Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд расправаше по повод жалбата на Софија Лаличиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.
На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.6/2021 со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година“, информира Врховниот суд.
