Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбиена жалбата на СЈО: Пасошот останува кај Канческа-Милевска

Одбиена жалбата на СЈО: Пасошот останува кај Канческа-Милевска

Откако првично Судот одби да и ја одземе патната исправа на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска СЈО поднесе жалба. 

Меѓутоа, Кривичниот совет денеска ја отфрли таа жалба.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) изјавена против решение на судија на претходна постапка од 28.11.2016 година во предметот на СЈО познат како „Тендери“, донесе решение со кое жалбата на обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка“ стои во соопштението на ова институција.

Со оваа одлука судијата на претходна постапка го одби предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против две лица.

Слично

Поврзани вести