Одбиена жалбата на Миле Јанакиески
Апелационен суд ја одби жалба на одбраната на Миле Јанакиески за укинување на куќниот притвор за поранешниот министер за транспорт и врски.
Оваа мерка на Јанакиески му е определена за случајот Шпански скали, истрага која е завршена и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до скопскиот Кривичен суд поднесе обвинение.
Покрај Јанакиески во Шпански скали обвинети се уште 10 службеници од министерството, катастар, нотар, поранешен заменик правобранител и бизнисмени.
Според обвинението, тие предизвикале штета на Буџетот од 2,64 милиони евра.
Слично
