Одбиена жалбата на Мијалков за замрзнување на имотот
Кривичниот суд не ја прифати жалбата на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, за замрзнатиот имот во случајот “Империја”.
Тоа значи дека имотот на “Дивелоп груп” и Бест Вејт Инвестмент”.и натаму останува замрзнат од Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Жалбите на вчерашната седница се одбиваат како неосновани, а решенијата од претходна постапка се потврдуваат во целост, велат од Судот.
Истрагата за случајот „империја“ заврши пред неколку дена, а наскоро ќе биде познато и кој ќе се најде на листата на обвинети.
Слично
