Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одбиена жалбата на Грујовски-екс началникот на Петтата управа и неговиот соработник Бошковски одат во притвор

Одбиена жалбата на Грујовски-екс началникот на Петтата управа и неговиот соработник Бошковски одат во притвор

Екс началникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски денеска се соочи со одбиена жалба од Врховен суд.

Всушност судот ја потврдил определената мерка притвор. Притворот е потврден и за соработникот на Грујовски , Никола Бошковски кој според бвинението, е извршителот на наредбите.

Петчлениот казнен совет, со кој раководи претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, на обвинетиот Тони Јакимовски, поранешен функционер во УБК, му ја преиначил одлуката за притвор. Со одлука на Врховниот суд, покрај македонскиот пасош, одземен му е и дипломатскиот.

И тројца се обвинети од СЈО во предметите „Тврдина и Таргет“, а се гонат за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало.

Слично

Поврзани вести