„Членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката е збунувачкиот член кој ги создаде сите недоумици после одлуката на Уставниот суд од месец март годинава, со која платите на функционерите се покачија за неверојатни 78 отсто. Цениме дека забуната е настаната со толкувањето на овој член, односно во ‘просечно исплатената месечна плата’. Имено, Министерството за финансии толкува дека тоа е бруто плата, додека ние мислиме дека граматичкото толкување треба да биде ‘просечната исплатена нето плата по вработен’, бидејќи ако гледаме трудово-правно, исплаќањето на платата или платата која работникот ја носи дома е нето платата, а не бруто платата“, соопшти партијата.
„Левица“ тврди дека е единствена политичка партија која покренала иницијатива за намалување на функционерските плати со став дека е недозволиво во услови на растечка сиромаштија и зголемена класна раслоеност, функционерите да бидат привилегирани во однос на обичните граѓани.
По овој неуспешен обид, функционерските плати остануваат зголемени за вртоглави 78 отсто.
