Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од здравство не знаат за случај на почината пациентка со погрешна дијагноза

Од здравство не знаат за случај на почината пациентка со погрешна дијагноза

Министерството за здравство соопшти дека  досега ниту кај нив, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), не е пријавен ниту регистриран случај на пациентка од околу 25 години која,  како што се шири информација на социјалните мрежи не и било навреме дијагностицирано дека има слепо црево по што била пуштена дома со објаснување дека има стомачен вирус. Подоцна наводно девојката довила труење на крвта од пукнатото дебело црево, а некои тврдат дека и починала.

– До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ниту регистриран ваков случај или пациент. Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од Министерството за здравство и ДСЗИ, се наведува во соопштението.


Слично

Поврзани вести