Од затвор во Штип подигнале брзи кредити со злоупотребени податоци
П.С.(30) од Штип и П.Т.(41) од Свети Николе се здобија со кривични пријави од СВР Охрид за делото „измама“откако со лажни податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва. Тие тоа го направиле со злоупотребени податоци, а дошле до 100.000 денари иако биле во ќелија.
„Пријавените во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале затворски казни во штипскиот затвор, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи“, објави СВР Охрид.
Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити во вкупна вредност од 100.000 денари од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник.
Слично
