ОД ВТОРНИК ТЕМПЕРАТУРНА ПРОМЕНА: Ќе има ли дожд денеска?
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали, соопшти УХМР.
Во недела времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.
Во понеделник ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2 . На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.
