Од вторник стартува втората „метла“ на Заев
По владината реконструкција од страна на премиерот Зоран Заев по која опш заклучок беше дека јавноста не е задоволна од тоа како мина догонајавуваната „метла“, во вторник се очекуваат првите одлуки за промена на функционери од вториот и третиот ешалон, објави „Сител“.
Станува збор за директори на јавните претпријатија и раководители на другите служби, но најпрво за тоа треба да се разговара и со помалите коалициони партнери, бидејќи голем дел од овој кадар потекнува и од нивните редови.
Заради тоа, во понеделник се закажани преговори со коалициските партнери, а од следниот ден се очекуваат првите одлуки.
Слично
