Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ВОДОВОД ПРАВЕЛЕ ВОНРЕДНИ ТЕСТИРАЊА И ЕВЕ КОИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ - водата е здрава и безбедна за употреба

ОД ВОДОВОД ПРАВЕЛЕ ВОНРЕДНИ ТЕСТИРАЊА И ЕВЕ КОИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ - водата е здрава и безбедна за употреба

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска извршил вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 31.05.2025 година поради изведување на активности на секторот Водовод и секторот ЕОК, соопштија од Водовод. 

Мониторингот опфатил 10 (десет) точки: Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари, Радишани, Бутел, Ф – 600, Железара- во раните утрински часови, Автокоманда, Визбегово и Чаир 1 од каде биле земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

„Покрај теренските мерења на рутинските параметри и концентрацијата на резидуален хлор, тестирањето беше изведено и со страндардни методи со јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа и со Полимераза верижна реакција (ПЦР) метода за микробиолошката анализа.

Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатираме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува за хумана употреба“, се наведува во соопштението испратено од Водовод до медиумите. 

Слично

Поврзани вести