Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од ВМРО-ДПМНЕ велат на локалните ќе се види дали анкетата на БРИМА е точна

Од ВМРО-ДПМНЕ велат на локалните ќе се види дали анкетата на БРИМА е точна

Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ за најновата анкета на БРИМА според која СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ, а премиерот Зоран Заев има повисок рејтинг од екс - премиерот, Никола Груевски вели дека народот не знае кој ја нарачал анкетата и доколку е точна го охрабрува СДСМ да излезе на избори.

„Го охрабрувам СДСМ и Зоран Заев нека излезат на локалните избори и да провериме дали е точна таа анкета“ - изјави Димков.

За првпат по многу години СДСМ води со 22,4% пред ВМРО-ДПМНЕ кој ја има поддршката на 19,8% од избирачите. 

Во вкупниот електорат сега на позитивната листа води Зоран Заев со 17.7%, a Никола Груевски заостанува зад него за 4.7%, за кого се определиле 13% граѓани од вкупниот електорат.

Најновиот политички барометар на БРИМА е направен непосредно по изборот на новата Влада од 2 до 12 јуни 2017 година. 

Слично

Поврзани вести