Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oд ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека датум за преговори ќе нема

Oд ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека датум за преговори ќе нема

Криминалот и корупцијата растат, нема датум за преговори во јуни, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според нив, неодговорното и криминално владеење го гледаат меѓународните претставници и сосема очекувано, како што нема одговорност ќе нема ниту датум за преговори во јуни.

„Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власта ѝ е поважен криминалот, отколку проектите“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат на тоа како министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска призна милионски скандал со фондот за ПИОМ, на десетиците млади и стари кои починаа од епидемиите на грип и сипаници, а министерот си делеше крвави тендери, на запалените документи во Министерството за правда, на нападите на притворени лица, на криминалното делење на субвенции преку Фондот за иновации, на непотизмот, на нарачките на наркотици на пратеници.

Македонија во јуни очекува датум за преговори, а на истото се надева и соседна Албанија. 

Слично

Поврзани вести