Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ВЛАДАТА ПОТВРДИЈА: Венко Филипче е кандидатот за министер за здравство

ОД ВЛАДАТА ПОТВРДИЈА: Венко Филипче е  кандидатот за министер за здравство

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција изјави дека Венко Филипче е  кандидатот за министер за здравство. 

Додаде дека имињата на другите кандидати за нови министри не се утврдени, бидејќи се чека останатите коалициски партнери во Владата да ги достават нивните предлози за останатите испразнети места во владиниот состав. 

Тој не кажа каква ќе биде распределбата на ресорите меѓу партнерите во владината коалиција и посочи новинарите да побараат одговор од партиите. Алијансата за Албанците, партијата која претходно го држеше ресорот здравство, со кој до локалните избори министеруваше Арбен Таравари е исто така „во игра“ за новиот состав на владата, потврди Бошњаковски.

Слично

Поврзани вести