Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Владата потврдија дека Заев е на постојана линија со Ципрас

Од Владата потврдија дека Заев е на постојана линија со Ципрас

Откако некои грчки медиуми јавија дека во минатите два дена телефонски разговор имале премиерите на Македонија и Грција - Зоран Заев и Алексис Ципрас, од македонската влада ваквата вест не ја демантираат.

“Кабинетите на премиерите Заев и Ципрас имаат отворена и постојана комуникација во секое време” велат од македонската влада на прашањето на РСЕ дали се точни ваквите информации.

Сите сме охрабрени од напредокот што е постигнат во преговорите меѓу Скопје и Атина рече високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини по работниот појадок на ЕУ-министрите.

“Сите ќе работиме да го поддржиме и да го придружиме, се надевам, позитивниот исход од овие важни преговори” рече Могерини.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој исто така беше на појадокот во Брисел заедно со министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас преку социјалната мрежа Твитер им се заблагодари на двајцата шефови на дипломатии за нивната“конструктивна и тешка работа” наведувајќи дека сите изразиле целосна поддршка на преговорите.


Слично

Поврзани вести