Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ВЛАДАТА ОДГОВОРИЈА: ВМРО-ДПМНЕ дезинформира дека биле спречени да дојдат на Македониум

ОД ВЛАДАТА ОДГОВОРИЈА: ВМРО-ДПМНЕ дезинформира дека биле спречени да дојдат на Македониум

ВМРО-ДПМНЕ дезинформира дека биле спречени да дојдат на Македониум, велат од Владата. 

Реагираат по изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски дека на партиската делегација не било дозволено да положи цвеќе на гробот на Никола Карев во споменикот Македониум во Крушево. Од Владата велат дека ВМРО-ДПМНЕ биле уредно известени за сите организациски детали, а и потврдиле дека ќе учествуваат. 

Наведуваат дека тие ги информирале поканетите со сите логистички информации поврзани со положувањето цвеќе на сите три локации (Македониум, Слива, Мечкин Камен) и со понуда за организиран превоз. Од партијата одговориле дека нема да користат организиран превоз. 

Од Владата велат дека распоредот на седење на Мечкин Камен е по стандарди на протокол, при што во трет и четврт ред се сместени сите политички партии, вклучително и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести