Од Владата објаснија кој и на кој начин ќе смее да се движи за време на полициски час
Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на прес - конференција изјави дека за време на полицискиот час ќе можат да се движат патниците кои доаѓаат или заминуваат на аеродром, а како дозвола за движење ќе им се сметаат билетите.
Дозволите кои претходно беа издадени за движење во време на полициски час, доколку се изгубени се реобјавуваат. Доколку некој е вработен во меѓувреме, компанијата ќе треба да среди за обрасците и да се овозможи оние кои работат трета смена непречено да се движат.
„Исти се на некој начин правилата во овој случај како и минатата година. Ако некој граѓанин има потреба да посети лекар во перидот додека трае забраната за јавува на 192 и информира за линијата на движење“, вели Арсовски.

За оние кои ќе се вратат од Африка ќе одат во карантин од 14 дена, но Арсовски не даде прецизен одговор каде ќе биде државниот карантин. Рече дека предлог има за локација, но идните денови ќе се знаат детали.
