Од Владата дадоа детали за четирите промени во Уставот
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција соопшти дека Владата ќе достави предлог до Собранието кој треба да биде разгледан за измени во Уставот.
Тој вели дека сите пратеници имаат обврска да го отворат патот кон ЕУ и НАТО.
„Народот направи важен избор, гласаа на референдумот, поддржаа една цел, една визија. Од денес оваа визија е во рацете на секој пратеник и тоа ќе зависи од нив“ - вели владиниот портпарол.
Тоа значи додавање на придавка Северна во името на Македонија.
Во преамбулата на Уставот при наведувањето на државно правните традиции ќе се именуваат конкретните документи на АСНОМ.
Во член 3 е регулирано дека територијата на Македонија е неделива и неотуѓива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Овој член претходно бил менуван. Со новиот амандман ќе се декларира почитување на суверенитет, територијалниот интегритет и со тоа ќе се прецизира трајноста на границите.
Под 4 грижа за Македонците и дијаспората во странство. Сега ќе се декларира грижата за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ, без тоа да значи мешање во суверените работи на други држави.
Предлогот ќе биде поставен на веб страницата на Владтаа.
