Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од вилата на Водно тишина, Иванов уште молчи за мандатот

Од вилата на Водно тишина, Иванов уште молчи за мандатот

Ништо ново и денеска од вилата на Водно каде што лидерот на СДСМ ги однесе потписите и обезбеди мнозинство за состав на нов владин кабинет.

Шефот на државата молчи во однос на побараниот мандат а Заев уште го чека со раширени раце.

Нема никакви најави ниту пак на сајтот на претседателот Иванов.

Во пресрет на оваа одлука, против Заев и платформата која ја прифати со албанскиот блок на улиците ширум земјава и главниот град избија собири.

Се протестира во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Штип, Кочани...

Утре е нов месец.

Можеби токму тогаш и Иванов ќе реши дали ќе му го додели мандатот на опозицискиот лидер.

Дел од медиумите пренесоа, брифирајќи дека е можно кабинетот на претседателот одлуката да ја соопшти утре.

Слично

Поврзани вести