Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ВИКЕНДОВ СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ГРЦИЈА СО ПЦР ЌЕ БИДАТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТЕСТИРАНИ И ПРИ ВЛЕЗ: Грција воведува нова мерка

ОД ВИКЕНДОВ СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ГРЦИЈА СО ПЦР ЌЕ БИДАТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТЕСТИРАНИ И ПРИ ВЛЕЗ: Грција воведува нова мерка

Грчката влада воведе нова анти-ковид мерка која се однесува на патниците од 16 држави, меѓу кои и Македонија. Имено, сите оние кои сакаат да влезат во Грција со негативен ПЦР тест, ќе бидат задолжително тестирани. Како што јавува дописничката на МИА ова правило се однесува на луѓето кои немаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан Ковид-19.

Во соопштението се наведува дека сите патници од Египет, Албанија, Аргентина, Северна Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција”, кои патуваат со ПЦР документ, ќе мора да добијат и негативен резултат при задолжителното тестирање со ПЦР и рапид тест на влезните точки во Грција. Мерката не важи, односно нема да бидат тестирани патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци.

Во однос на неопходните документи за влез во Грција кои се поврзани со Ковид-19 нема промени и исто како и во изминатите три месеци за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, а отворени се сите копнени гранични премини. Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години.

Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Тестирањето, веќе е задолжително за патниците кои доаѓаат од Северна Македонија, а патуваат со негативен тест.

Оние кои ќе бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите.

Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен карантин, а во случај да се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена.

На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест.

Лицата што патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во текот на 24 часа и да носат маска Н95 додека патуваат.

Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест.

Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 до 5.000 евра.


Слично

Поврзани вести