Од вечерва нема сликање ниту издавање пасоши и лични карти: Од 1 јули со Северна Македонија
Од вечерва од 21 часот нема да работи системот за прием и издавање на лични карти, пасоши и возачки дозволи. Причината е техничка односно миграција во нов систем заради прилагодување со што по 1 јули на пасошите ќе биде напишано новото име на државата Северна Македонија. Прекинот е предвидено да трае од вечерва до 27 јуни година (недела-до 21 часот). Во моментов во државата се претставници на германската компанија Veridos GmBH Berlin со која Министерството за внатрешни работи склучи договор за испораката на обрасците за лични документи.
Издавањето на новите патни исправи на државјаните на земјава со новото уставно име е предвидено во Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кој беше усвоен во Собранието. Имено, со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, меѓу другите обврски кои произлегуваат од него, се наметна и потребата од усогласување на обрасците за личните документи на граѓаните што ги издава Министерството за внатрешни работи. Инаку поради прекинот од вечерва, граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година.Утре и задутре нема да се издаваат и готови документи. Министерот Оливер Спасовски денеска рече дека досега немало засотој во издавањето на документите туку граѓаните не закажувале на време во пандемијата.
