Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

Остра реакција пристигна од Град Скопје по денешната пресконференција на Талат Џафери, во која потенцираат дека тој манипулира со јавноста и со обврската за одржување на зеленилото во околината на Собранието. 

- На денешната прес конференција во Влада, ВД премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада. 

Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува - посочуваат од Град Скопје. 

Од таму воедно додаваат дека ЈП “Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија. 

Слично

Поврзани вести