Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ВАРАДАРА ПА ДО ТРИГЛАВА: Масовно како на познатиот Саем на книгата во Белград, еве како помина првиот ден од вакцинацијата

ОД ВАРАДАРА ПА ДО ТРИГЛАВА: Масовно како на познатиот Саем на книгата во Белград, еве како помина првиот ден од вакцинацијата

Денеска на саемот во Белград се вакцинирани 6.500 граѓани од сите поранешни ју-републики. Граничниот премин Табановце од Македонија кон Србија го минаа точно 2.139 граѓани кои ја искористија можноста да добијат вакцина против корона вирусот.

Дел од нив, со кои поразговара Фактор велат дека се било беспрекорно организирано и дека оние кои имале закажано биле повикувани, но оние кои немале закажан термин морале малку да почекаат. Сепак сите добиле вакцина.

-Денеска во Белград беше како во СФРЈ кога одевме на оние големи случувања, како на пример Саемот на книгата кој се одржува секоја година во октомври. За жал, сега масовно бевме за нешто друго, но многу поважно, да се вакцинираме и да си го заштитиме здравјето. Јас сум на возраст од 46 години, немам никакво хронично заболување, не сум медицинско лице, и со оглед на фактот што досега нема ниту една вакцина во Македонија, ова е мојата шанса. Инаку, кој знае кога би дошла на ред во татковината. Можам да кажам дека имаше граѓани од секаде, и од Босна и од Хрватска и од Црна Гора. Беше буквално како познатата песна од времето на Југославија „Од Вардара, па до Триглава“, и драго ми е што се потсетивме дека можеме во вакви сериозни ситуации да останеме единствени и солидарни, вели скопјанката Мими С. За Фактор.

И во текот на утрешниот ден се очекува повеќе илјади граѓани од земјава повторно да замина во соседна Србија за да го искористат викендот за вакцинација.

А.Б.

Слично

Поврзани вести