Од утревечер ќе се расипува времето
УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и релативно топло време, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, но кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен
ветер (над 70 km/h),
Температурата ќе опаѓа во следните денови под влијание на серија на влажни бранови и ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд.
Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.
Слично
