Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре започнува со работа штипската модуларна болница

Од утре започнува со работа штипската модуларна болница

Специјалистичките амбуланти и центри при Клиничка болница-Штип од утре се селат во објектот на поранешната модуларна болница. Пациентите од целиот источниот регион прегледите, кои им се закажани преку „Мој термин“ ќе ги извршуваат во објектот на модуларната болница. 

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека ординациите и центрите се спремни со потребните апарати, компјутери и од утре стартуваат со работа во овој објект. 

-Сите амбуланти кои се од „Мој термин“ се префрлени овде во овој објект. Што добиваат граѓаните? Значи овде имаме технички повеќе амбуланти, отколку што имавме во старата зграда. Што значи со тек на време ќе добијат повеќе термини на „Мој термин“ за да вработените пуштат и со тек на време специјалистите и субспецијалистите ќе бидат подостапни за самите пациенти, вели Захариев. 

Во објектот на модуларната болница се сместени 17 специјалистички амбуланти и центри како што се дијабетес, психолошка поддршка, за обезносност. Пациентите од Штип кои примаат инсулинска терапија од овој објект ќе ја подигнуваат терапијата.

Модуларната болница беше поставена за време на ковид пандемијата, но беше решено повторно да има нејзино искористување откако ќе се реновира, со цел да не биде оставена да пропаѓа на забот на времето или дополнително да биде мета на крадци.


Слично

Поврзани вести