Економија, финансии, бизнис

Контакт

Машиновозачите штајкуваат со глад, за утре е најавена целосна блокада на возовите

Машиновозачите штајкуваат со глад, за утре е најавена целосна блокада на возовите
Машиновозачите стапија во штајк со глад. Како што посочуваат од независниот синдикат, на ваквиот чекор се решиле по наредбата насилно да бидат исфрлени од просториите во компанијата, објави „24 Вести“. За утре е најавена целосна блокада на железницата. Поради лошите услови за работа и доцнење со платите, како и исплаќање на неколку пати, машиновозачите го организираат штрајкот. Велат дека поради таквите услови за работа имаат сериозно нарушено здравје. Целосниот прекин на железничкиот сообраќај го најави штрајкувачкиот одбор на Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија (НСММ). Неговите членови од ова утро стапија во штрајк со одлука за редуцирање на возовите, иако железничкиот сообраќај се одвива нормално. За дел од штрајкувачите денеска се најде замена. „ Веќе од утре нема да најдат замена и ќе нема услови за нормално одвивање на сообраќајот“, рече нпретседателот на НСММ, Латко Јовановски Машиновозачите се револтирани од намалувањето на бенифицираниот стаж за четири месеци, договорено интерно без знаење на синдикатот. - „Наместо една година бенифициран стаж на секои три години, сега добиваме една година на секои четири години. Машиновозачите кои секојдневно се изложени на стрес многу тешко можат да задржат прва здравствена група“, рече Јовановски. За директорот на „Македонски железници – Транпорт“, Оливер Дерковски обвинувањата на независниот синдикат на машиновозачите се штетни и паушални, а ја проблематизира и законитоста на штрајкот.
Слично

Поврзани вести