Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУМАНОВО: Забрана за влез и излез со градски, меѓуградски и железнички патнички јавен превоз

КУМАНОВО: Забрана за влез и излез со градски, меѓуградски и железнички патнички јавен превоз

Од утре во општина Куманово стапува во сила одлука за забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз, информираа од Владата. 

Оваа одлука влегува во сила од 25 март 2020 година.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз. Ги зајакнуваме уште повеќе мерките за запирање на заканата од коронавирусот. Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме“, додаваат од Владата. 

Во Куманово порасна бројот на заразени со Ковид 19. Има пет нови случаи, од кои два лекари и една медицинска сестра. 

Во овој град има и една жртва. Почина 57 годишна жена која била заразена со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести