ОД УТРЕ ВЕЧЕР НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ, А СТАРТОТ НА МАЈ НОСИ МЕТЕОРОЛОШКИ ХАОС: Попоски ги објави најновите прогнози на прогностичките модели
Метеорологот Славчо Попоски најавува значителна промена на временските услови во Македонија и регионот, со продор на студен воздух од север кој ќе донесе нагло заладување.
Попоски нагласува дека веќе од утрешната ноќ кон вторник (20/21 април) се очекува значителна и нагла промена на времето.
– Продор на значително поладен воздух од север ќе ги спушти температурите во Македонија и поширокиот Балкан за околу, па и повеќе од 10 степени во однос на сегашните – наведува Попоски.
Ова доаѓа по период на стабилно и топло пролетно време, со температури над просекот за овој период од годината.
Според неговата објава, најновите прогнози од Европскиот модел (ECMWF) укажуваат и на можен „метеоролошки хаос“ во првата седмица од мај, кога студени воздушни маси од северот на Европа би се спуштиле кон Балканот.
