Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре температурен шок?

Од утре температурен шок?

Од утре метеоролозите најавуваат дестабилизација на времето проследено со дожд, појава на грмежи и пониски температури кои ќе се движат до 31 степен. 

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а температурите според метеоролозите ќе се движат до 37 степени. За попладне од УХМР најавуваат мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието. УВ индексот ќе има вредност 7. 

И во среда ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладне. Дневните температури на воздухот ќе бидат во опаѓање за околу седум степени, а на некои места и повеќе.

Од четврток повторно следува стабилно време со постепен пораст на дневните температури. 

Слично

Поврзани вести