Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД УТРЕ СЕ УКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ: Шилегов вели граѓаните нe ја искористиле мерката

ОД УТРЕ СЕ УКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ: Шилегов вели граѓаните нe ја искористиле мерката

Се укинува бесплатниот превоз од утре, потврди градоначалникот на Град Скопје,  Петре Шилегов на денешната прес-конференција на која го презентираше Буџетот за Град Скопје за 2018 година.

„Мерката ќе важи денеска, а од утре се враќаме во редовниот режим на функционирање имајќи предвид дека се изменети климатските услови кои доведоа во воведување на вонредните мерки. Станува збор за мерки за кои имаме прецизно утврдени нормативи кога ќе се применуваат и секогаш кога ќе бидат исполнети условите, овие мерки ќе се применуваат“- објасни Шилегов. 

Тој вели дека граѓаните не ја искористиле вонредната мерка за бесплатен јавен превоз. Сепак Шилегов има разбирање затоа што концептот за јавен градски превоз е сосема погрешен.

Слично

Поврзани вести