Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре промена на времето

Од утре промена на времето

Утре ќе имаме променливо облачно време со локални врнежи од дожд.

Особено попладне на места процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, најизразен по должината на Повардарјето, информира УХМР.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне, кога ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.

Следува период на променливо и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Слично

Поврзани вести