Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре промена на времето

Од утре промена на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови, особено претпладне со повремен дожд со слаб до умерен интензитет. 

Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието повремено ќе има појава на умерен северен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 12 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб умерен северен ветер и дневна температура до 22 степени. Дневните температури во Маврово ќе бидат до 12, Охрид 17, Битола 20, Кавадарци 22, Крива Паланка 17, Берово 16, Дојран 24 степени. 

Од четврток следува период на потопло време.

Времето од утре ќе се стабилизира и ќе имаме стабилно и сончево време со пораст на дневните температури кои во сабота ќе достигнат и над 30 степени. Доста топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе се искачи над 30 степени.

Слично

Поврзани вести